ЗА УЧИЛИШТЕТО
Име: Општинско основно училиште „ГЕРАС ЦУНЕВ“
Адреса, општина, место: с. Просениково бр. 80, општина Струмица Телефон/ Факс: 034 364-123 e-mail: [email protected] [email protected] |
Поврзување
|
ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО
Општинското основно училиште „Герас Цунев"- Просениково, Струмица е ситуирано помеѓу населените места Просениково и Пиперево, на оддалеченост од 4,5 километри североисточно од Струмица, поврзани со локален пат за магистралниот пат Струмица- Валандово и Струмица- Штип. На исток се граничи со општина Босилово, на северозапад со општина Василево и на југ со Струмица. Училиштето е основано во 1953 година, а првиот акт е решение бр. 01- 15117/1 од Собрание на општина Струмица. Во состав на училиштето работеа шест подрачни училишта со над илјада ученици. Со децентрализацијата две училишта припаднаа на општина Босилово, а четири на општина Василево. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и е организирана во две смени и тоа прва смена со почеток од 7:30 часот, втора смена со почеток од 13:30 часот. Настава посетуваат ученици од I до IX одделение на возраст од 6 до 16 години по новиот концепт за деветгодишно образование согласно Законот за основно образование Сл. Весник на РМ бр. 103, од 19 август 2008 година. Учениците се распоредени во 22 паралелки од кои 12 во предметна настава и 10 во одделенска настава. |