ЕУ за тебе
18.05.2017: Во училиштето се реализираше кампањата под мотото ЕУ за ТЕБЕ која имаше за цел подигање на свеста и информирање на јавноста за помошта која ЕУ ја нуди на нашата земја. За таа цел беа организирани бројни активности во училиштето на кои беше присутен амбасадорот Семуел Жбогар, вршителот на должност Градоначалник на општина Струмица и други гости.
Проект: Наставниците на сцена
11.12.2015: Наставниците од нашето училиште учествуваа во проектот „Наставници на сцена“ во организација на Општина Струмица и тоа во категориите Најубаво уредено училишно катче „Бабина Приказна“ (одделенски наставници), Најуспешен проект „Стоп за насилството во училиштата“ и Наставниците пеат (група предметни наставници)
XXXVII Државен натпревар по македонски јазик
17.5.2014 година: Домаќин на XXXVII државен натпревар по македонски јазик беше нашето училиште. Му упатуваме голема благодарност на генералниот покровител на овој настан Градоначалникот на општина Струмица г-дин Зоран Заев чијашто поддршка во голема мера придонесе за успешната организација и реализација на натпреварот.